Лионел Меси за многумина е најголемиот фудбалер на сите времиња.
Аргентинецот оваа сезона игра фантастично и ја предводи Барселона кон уште една титула шампион на Шпанија, а Каталонците имаат сериозни амбиции и во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Луис Суарез и Меси се одлични пријател, а во разговор за каталонски „Спорт“, Уругваецот откри некои интересни детали за Аргентинецот.
Уругвајскиот напаѓач откри дека тој и Меси знаат и по три часа да седат и да зборуваат само за фудбалот, но како што кажа чудесниот Аргентинец никогаш не ги гледа натпреварите на кои игра, ниту пак анализира што е погрешно кога Барселона ќе одигра лошо.
„Никогаш не ги гледа снимките од натпреварите кои ги игра. После натпреварот многу зборуваме за фудбалот, но тоа е единствениот начин на кој се обидуваме нешто да анализираме. Некогаш и кога ќе победиме знае да биде лут затоа што не одиграл како што треба. Тоа се обидува да го поправи во следниот натпревар и не му се потребни анализи за да сфати нешто“.
„Ние останатите сме поинакви, понекогаш ги гледаме заедно натпреварите, но на крајот тоа не помага премногу бидејќи вие знаете што сте направиле добро, а што не“, откри Суарез.