Денес и официјално беше потврден трансферот на Кристиан Пулишиќ, кој од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра ќе се пресели во Челзи.
Пулишиќ претходните месеци беше мета на многу европски гиганти, но на крајот се одлучи кариерата да ја продолжи во Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Познато е дека Пулишиќ минатото лето беше пред потпис во Ливерпул, но трансферот пропадна во последен момент. Раководството на „црвените“ беше пред потпис со американскиот репрезентативец, но на крајот трансферот го стопира лично Јирген Клоп.
Англиските медиуми откриваат дека Клоп им рекол на челниците дека Пулишиќ не вреди толку пари и дека најверојатно ќе биде резерва во неговиот тим. Поради тоа Ливерпул се одлучи за поефтина варијатна и го донесе Шаќири.
Очигледно дека Клоп сметал дека Пулишиќ не е играч кој му е потребен на Ливерпул, па сега Американецот ќе има шанса да го демантира во Челзи.