Селекторот на Шпанија, Луис Енрике денес го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари против Португалија, Украина и Швајцарија.
Она што може да се забележи на списокот е што повторно нема ниту еден играч од Атлетико Мадрид, ова се случува втор пат едноподруго.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Низ дел од шпанските медиуми веќе и се шпекулира дека Енрике има нешто против „јорганџиите“ и не е дека нема причина за таквите шпекулации. Посебно дискутабилни се позициите во средниот ред каде што Атлетико ги има Саул Нигез и Коке, двајца одлични фудбалери. Таму Енрике ги повика Бускетс кој е незаменлив, Серхио Каналес, Дани Себаљос и соиграчот на Барди од Леванте кој е дебитант, Хозе Кампања.
Добро, за Бускетс нема многу што да се коментира, меѓутоа за многумина тандемот од Атлетико заслужува предност пред останатите тројца.
Како и да е Енрике е селекторот и тој ќе избира, ако има резултати сигурно дека никој ништо да му забележи.
СОСТАВОТ НА ШПАНИЈА