Дома Трансфер зона Зошто Барселона уште не го објавила трансферот на Алонсо?

Зошто Барселона уште не го објавила трансферот на Алонсо?

Каталонскиот клуб ова лето направи големи промени во играчкиот кадар, а Чави Ернандез се ослободи од некои фудбалери на кои не сметаше уште пред неколку месеци.

Во последниот ден од преодниот рок во центарот на вниманието беше Пјер-Емерик Обамејанг кој продолжува во Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во последните минути од преодниот рок успеа да го заврши трансферот на Габонецот и потврдија дека од него заработија 14 милиони евра. Но уште никој не знае што се случува со Маркос Алонсо затоа што и тој беше дел од овој трансфер.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Алонсо сигурно е дел од овој трансфер и дека пред полноќ била завршена документацијата околу раскинувањето на договорот, но не е јасно зошто клубот се уште не го објавил неговото доаѓање. Според него се појавил ситен проблем кој би требало да биде решен во најбрз можен рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…