Дома Фудбал Англија Зошто Алиоски на старот од Чемпионшип стана резерва во Лидс?

Зошто Алиоски на старот од Чемпионшип стана резерва во Лидс?

Mинатата сезона македонскиот фудбалер Езгијан Алиоски беше еден од најдобрите фудбалери на Лидс и миленик на навивачите, но и на тренерот Марсело Биелса.

Алиоски кон крајот на сезоната се повреди, па според ситуацијата на стартот од Чемпионшип Алиоски го изгубил статустот на првотимец. Биелса во првите две кола против Бристол Роверс и Нотингем Форест го оставаше македонскиот фудбалер на клупата за резерви.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите ги интересираше зошто Биелса го изостава од тимот Алиоски, а тој даде објаснување.

„Алиоски веројатно ќе биде вратен во првиот состав. Даглас ја губи брзината на таа позиција и не смееме да си дозволиме да имаме проблем на некоја позиција ако сакаме место во Премиер лигата. Во минатата сезона Алиоски беше еден од нашите најважни фудбалери, но тој беше повреден и сакав постепено да го вратам во ритам и да не ризикувам“, објасни Биелса.

Алиоски се повреди кон крајот на минатата сезона и тогаш Лидс испадна од плејофот за влез во Премиер лигата. На теренот Алиоски се врати во дресот на репрезентацијата на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…