Голманот Јан Зомер му беше благодарен на дефанзивецот и Матијас Де Лихт за интервенцијата на гол линијата откако тој погреши.
Можеше Зомер да им подари гол на „светците“, но за среќа го имаше Де Лихт кој беше тука да ја поправи неговата грешка. Како благодарност за одличната интервенција, Зомер на својот соиграч му вети 700 килограми швајцарско чоколадо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, чокаладото вчера требало да пристигне во тренинг комплексот на Баерн Минхен, но кога клубот бил информиран, ја стопирал акцијата.
Чокаладото на крајот завршило во банка за храна во Минхен каде што биле пријатно изненадени од неочекуваната донација.
700 Kilo Schokolade: Bayern-Torwart Sommer hält Versprechen – Geschenk geht an Münchner Tafel https://t.co/0lGgxFw3ka
— tz (@tzmuenchen) March 13, 2023