Хакерите кои порано најавија дека нема да ги остават на мира Зимските олимписки игри во Пјонгчанг не се шегуваа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Истото го докажаа во петокот, на самиот ден на отворањето на ЗОИ.
Имено, засега се непознати причинителите кои го нападнаа серверот во текот на церемонијата на Отворањето, но не нанесоа голема штета. Единствена неприлика имаа претставниците на медиумите бидејќи во прес центарот снемало интернет мрежа, а исто така на некое време не беше активен ниту сајтот ЗОИ кој набрзо беше вратен во функција.
Делува дека ова е само опомена на она што би можело да следи во наредните денови.