Дома Видео Знае и кошарка: Погледнете како забива Ѓоковиќ 🎥

Знае и кошарка: Погледнете како забива Ѓоковиќ 🎥

Новак Ѓоковиќ се подготвува, но и се забавува до почетокот на Австралија Опен. Српскиот тенисер веќе е во Мелбурн каде што е дел од настаните пред почетокот на главниот турнир.

Најдобриот светски тенисер одигра тренинг меч со Стефанос Цицпас, а во програмата учествуваа уште Арина Сабаленка и Марија Сакари. Ѓоковиќ по излегувањето на теренот доби овации од трибините, а беше дочекан и од српска фолкорна група.

Исто така имаше и дел каде што ги покажа своите кошаркарски вештини, па едно забивање прослави на интересен начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Кирјос одработи скратена суспензија за скандалот со допинг!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос прифати и одработи скратена суспензија од еден месец пора…