Дома Останати Кошарка „Знаете што е неверојатниот настап на Дурант за Леброн? Обичен вторник!“

„Знаете што е неверојатниот настап на Дурант за Леброн? Обичен вторник!“

durant lebron

Новинарот на „Фокс Спорт“, Колин Кеухерд зборуваше за последниот настап на Кевин Дурант кој во победата во третиот натпревар од финалната серија против Кливленд постигна 43 поени.

Кеухерд ги спореди бројките на Дурант и Леброн и истакна дека не е фер што наградата за целиот учинок во плеј-офот се доделува само на најдобриот играч во финалната серија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голден Стејт успеа да го победи Кливленд во третиот натпревар од финалето благодаорение на фантастичниот настап на Дурант кој со 43 поени го надомести слабиот учинок на Клеј Томпсон и Стеф Кари.

„Го гледав натпреварот и тоа веројатно беше најдобриот настап на Кевин Дурант кој сум го гледал во плеј-офот. Леброн Џејмс после натпреварот изјави: „Слушајте, тој е еден од најдобрите кошаркари на планетата. Неговите предиспозиции, добрата контрола на топката“. Многумина го сметаат за втор најдобар играч на планетата и сега сите зборуваат 43 поени, 13 скокови, 7 асистенции…Знаете ли како тоа се нарекува кај Леброн? Вторник. Фактот што толку луѓето зборуваат за тој натпревар ви ја покажува разликата помеѓу нив двајца“, изјави Кеухерд.

Тој потсети и дека за натпреварот за кој Џејмс претрпе силни критики постигна 26 поени, запиша 11 скокови и подели 9 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…