Дома Трансфер зона Знаете ли кој е човекот кој го откри Канте?

Знаете ли кој е човекот кој го откри Канте?

Канте во својата дебитантска сезона во Англија ја освои титулата во Премиер лигата, а минатото лето премина во Челзи за 40 милиони евра и голема е веројатноста оваа сезона повторно да биде шампион.

Н’Голо Канте во Англија дојде на мала врата, а сега важи за еден од најкорисните играчи во лигата и играч каков би посакал секој тренер во Европа. Меѓутоа, малку се зборува за човекот кој е најзаслужен за неговиот пат кон врвот, а тој се вика Стив Валс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Валс е англиски фудбалски скаут кој моментално работи во Евертон, а во минатото работеше и за Челзи и Лестер. Тој во едно интервју откри што го натерало да го донесе Канте во Премиер лигата.

„Канте го гледав додека играше за Каен и ме импресионира неговото однесување на терен во моментите кога не е во поседн на топка. Тогаш видов колку е одговорен во дефанзива и дека на терен секогаш дава се од себе“, изјави Валс.

„Се распрашував за Канте кај некои луѓе кои соработувале со него и сите ми кажаа се најдобро. Зборував и со некои искусни играчи кои во минатото играле со него и им верував на тоа што го кажаа. Мислам дека не погрешив“, додаде англискиот скаут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…