Дома Фудбал Знаете ли кој е најслабо платениот првотимец на Јунајтед?

Знаете ли кој е најслабо платениот првотимец на Јунајтед?

man united

Манчестер Јунајтед добар дел од буџетот троши за плати на играчи кој во склад со модерниот фудбал се навистина огромни.

Погба и Златан на една страна, а младите ѓаволи на друга страна. Сте се запрашале ли некогаш кој е најслабо платениот првотимец на англискиот клуб? Одговорот можеби ќе ве изненади. Станува збор за еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед оваа сезона, Маркус Рашфорд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите од Островот, тој неделно заработува околу 20.000 фунти што е неспоредливо со најплатените ѕвезди на тимот. Пол Погба неделно заработува 290.000 фунти, додека Ромелу Лукаку и Давид Де Геа добиваат 200.000 фунти.

Но, Рашфорд има само 20 години вистинските договори се пред него и сигурно дека го очекува голема кариера. Тој уште сега се смета за еден од најдобрите млади фудбалери на Островот, игра за репрезентацијата и е само прашање на време кога сето тоа ќе се почуствува и на неговата банкарска сметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…