Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Знаете ли колку вечерва вредеа клупите на Англија и Белгија?

Знаете ли колку вечерва вредеа клупите на Англија и Белгија?

belgija

Вечерва во Калининград се одигра натпреварот помеѓу Англија и Белгија кој беше директен дуел за првота позиција.

Сепак, со оглед на тоа дека овие репрезентации претходно обезбедија место во осминафиналето ова беше прилика селекторите да им дадат одмор на стандардните првотимци.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Герет Саудгејт направи дури осум измени од вообичаениот состав, а Белгија промени девет играчи. Нападот на Англија го предводеше Џејми Варди, а белгискиот Мичу Баштуаи.

На клупата на Англија се наоѓаа големи ѕвезди како Хари Кејн, Рахим Стерлинг и Деле Али. Додека на клупата на Белгија беа Еден Азар, Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујн.

Интересно, вкупната вредност на играчите кои се наоѓаа клупите на двете репрезентации според „Трансфермаркт“, изнесува неверојатни милијарда и 85 милиони евра. Англиската клупа вредеше 549 милиони евра, а клупата на Белгија 536 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …