Дома Фудбал Лига на шампиони Знаете ли кога последен пат Суарез бил стрелец на гости во Лигата на шампионите?

Знаете ли кога последен пат Суарез бил стрелец на гости во Лигата на шампионите?

suarez

Дали некој би помислил дека навистина поминало толку многу време?

Луис Суарез утре оди на „Вембли“ со намера да го прекине тригодишниот пост. Кој би рекол дека толку време поминало од кога последен пат Суарез бил стрелец на гостински терен во најелитното европско натпреварување?


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Последен пат кога Уругваецот бил стрелец на гостување во Лигата на шампионите беше на гостувањето во Рим, кога Рома и Барселона одиграа 1:1, а тоа беше на 16-ти септември 2015 година.

Од таа римска ноќ Суарез одиграл 12 натпревари на гости без постигнат гол во ова натпреварување.

Ургувајскиот напаѓач одлично ја започна кариерата во дресот на Барселона кога во прашање е Лигата на шампионите. Постигна 15 погодоци на 19 одиграни натпревари, кога ќе се погледнат првите две години во дресот на каталонскиот клуб, но потоа следи исклучително лош период.

Во последните две години успеал да постигне четири гола на 19 одиграни натпревари (и тоа сите на домашен терен).

Додека го носеше дресот на Ливерпул Суарез постигна четири гола против Тотенхем, а дали токму против „петлите“ ќе го прекине тригодишниот пост ќе видиме утре во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…