Изборот за Златната топка оваа година изгледа ќе биде доста полесен, ако се суди според анализите на светските медиуми.
Во потесниот избор најверојатно ќе влезат две имиња, а тоа се Карим Бензема и Садио Мане. Ова значи дека финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул може да одигра голема улога.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако Реал го освои трофејот Бензема ќе биде многу блиску, ако Ливерпул слави тогаш престижното признание може да заврши во рацете на Мане. Мане е во помала поредност можеби затоа што со Сенегал го освои и Афричкиот Куп на Нации, меѓутоа после финалето работите дефинитивно ќе бидат појасни.
Далеку зад Бензема и Мане е Роберт Левандовски кој е трет кандидат. Полскиот голгетер и сезонава е прва виолина во Баерн, но германскиот гигант беше елиминиран во Лигата на шампионите во четвртфиналето.