Дома Фудбал Останато Златна копачка: Меси на чекор од историја, Салах се надева на чудо

Златна копачка: Меси на чекор од историја, Салах се надева на чудо

Ќе бидеме ли повторно сведоци на историски момент?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лионел Меси е на чекор од својата петта историска „Златна копачка“ и тешко дека некој може да го стигне.

Меси со голот против Реал Мадрид стигна до својот 33 гол во сезоната, додека Мохамед Салах има 31. Кога на сето тоа ќе додадеме дека Меси до крајот ќе одигра уште три натпревари во Ла Лига, а Салах една јасно е дека е скоро невозозможно Египќанецот да постигне хет-трик против Брајтон, а Меси ниту еднаш да не погоди против Виљареал, Леванте и Реал Сосиедад.

Не треба да се заборави ниту Чиро Имобиле, но тој е повреден, а тука се уште Роберт Левандовски и Хари Кејн, сепак тие се предалеку од Меси.

Иначе, Меси има прилика да стане првиот играч во историјата кој освоил пет „Златни копачки“, досега до ова достигнување стигнуваше во сезоните 2009/2010, 2011/2012, 2012/2013, 2016/2017.


Трка за „Златната копачка“:

1.Лео Меси (Барселона) – 66 бодови (33 голови)

2.Мохамед Салах (Ливерпул) – 62 бодови (31 гол)

3.Чиро Имбоиле (Лацио) и Роберт Левандовски (Баерн Минхен) – по 58 бодови (29 голови)

5.Мауро Икарди (Интер) – 56 бодови (28 голови)

6. Хари Кејн (Тотенхем) и Едисон Кавани (ПСЖ) – по 54 бодови (27 голови)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …