Дома Фудбал Останато „Златна копачка“ – „анонимец“ се вмеша помеѓу најдобрите европски голгетери

„Златна копачка“ – „анонимец“ се вмеша помеѓу најдобрите европски голгетери

Меси и Роналдо добија голема конкуренција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Трката за „Златната копачка“ оваа сезона може да биде и тоа како интересна.

Пред само седум денови, Лионел Меси имаше убава предност во однос на Роналдо и останатите, но овој викенд работите се променија.

Француското чудо Килијан Мбапе постигна два гола во пресвртот против Каен, додека Роналдо и Меси „постеа“ во големите дерби натпревари против Наполи и Реал Мадрид.

Ново име врвот е Фабио Кваљарела кој овој викенд постигна два гола во победата на неговата Сампдорија против СПАЛ. Така италијанскиот ветеран се изедначи по бројот голови со Роналдо.

Италијанецот кој има 36 години така се најде во прилика да претендира за „Златната копачка“ на Европа.

Од останатите имиња најмалку познато е она на Роберт Сков кој игра одлично во Копенхаген и се поврзуваше со трансфер во Тотенхем.

Во овој момент листата на најдобри стрелци во Европа изгледа вака:

1.Меси – 25 голови (50 бодови)

2.Мбапе – 24 голови (48 бодови)

3.Кваљарела и Роналдо – 19 голови (38 бодови

4.Агуеро и Пјонтек – 18 голови (36 бодови)

5.Салах и Кавани – 17 голови (34 бодови)

6.Роберт Сков – 22 голови (33 бодови)

7.Хари Кејн – 16 голови (32 бодови)

Треба да се спомене дека Сков има помалку бодови, иако има повеќе голови од сите освен од Мбапе и Меси, но неговиот број на бодови е помал затоа што игра во пониско рангирано првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…