Дома Фудбал Репрезентации Златко Ѓуровски: Германците ми честитаа за победата во Дуизбург, Лихтенштајн да не го потцениме

Златко Ѓуровски: Германците ми честитаа за победата во Дуизбург, Лихтенштајн да не го потцениме

После интервјуто со Митко Стојковски од кое го објавивме првиот дел – тука, разговаравме и со Златко Ѓуровски.

 Златко Ѓуровски е поранешен кадетски репрезентативец на Југославија, а потоа и младински на Македонија. Во овој момент живее во Германија на граница со Швајцарција во елитниот дел на езерото Бодензе.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Разговорот со него го започнавме за големата победа на Македонија над Германија во март.

„Како Македонец сите кои живеат во мојот град ми честитаа за големиот триумф сред Дуизбург, беше фантастично“.

Натпреварот со Лихтенштајн кој следи?

„Македонија на чело со Милевски не смее да ја потцени малата земја против која ја имаме најубедливата победа од 11:1 во нашата фудбалска историја, а во која осум голови беа постигнати од Битолчани во репрезентацијата (Митко Стојковски, Дејви Главевски, Тони Мицевски и Ѓорѓи Христов)“, се сеќава Ѓуровски.

На стадионот „Тумбе Кафе“ пред натпреварот кој следеше (Пелистер – Силекс 4:0)

„Лихтенштајн покажа дека многу напредуваше со натпреварот против Германија во Сент Гален и беа поразени само со 2:0, тука е и ремито со Ерменија. Фудбалот кај нив е во подем, затоа мораме да влеземе максимално сериозно“.

Ѓуровски беше дел со Ѓорѓи Христов и кадетската – младинска репрезентација на Македонија.

Фудбалот во Германија?

„Се е на високо ниво во секој град и клуб, но така е и во најмалото населено место. Пример за тоа е клубот РВ Салем каде што живее тој и има лига на ветерани каде што играат лица над 60 години. Покрај тоа има школа за фудбал каде што започнуваат децата од најмала возраст, како во машка конкуренција, така и во женска“.

За крај се поздравивме и си посакавме Германците повторно да му честитаат, овој пат за нова победа на наш терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…