Дома Македонски спорт Златен медал за македонските каратисти на Европската Универзијада во Полска

Златен медал за македонските каратисти на Европската Универзијада во Полска

Македонската универзитетска карате репрезентација успеа во најтешката дисциплина борби мажи екипно, да го освои златниот медал.

Ова е прв Златен медал за Македонија од една европска универзијада во екипна конкуренција. Успехот го постигнаа со четири победи следните репрезентативци:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски. Во Финалната борба нашиот тим беше поуспешен од Украина и ја совлада со резултат 3-1.

Бошко Заборски селекторот на репрезентацијата на Македонија изјави:- Постигнавме голем резултат, за прв пат на една европска универзијада Македонските карате спортисти во екипна конкуренција се на највисокиот пиедистал.

Задоволството е огромно во целиот тим. Екипниот медал е секако најтежок за освојување и затоа сите многу сме среќни.

Успехот е поголем бидејќи Давид Петков успеа и во поединечна конкуренција во тежинската категорија -67 кг да освои златен медал и заедно со бронзата на Ангела Мојсовска во категоријата – 68 кг не прави да бидеме многу горди. Вкупниот биланс од оваа универзијада за Македонија се 2 (две) златни медали  и 1 (еден) бронзен медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бурна реакција на ФК Скопје за пеналот во Врапчиште: Сакаме чесно првенство!

Од судиската комисија на ФФМ вчера во анализата ја потврдија грешката на судијата, а сега …