Дома Топ вести Зидан ја сака незадоволната ѕвезда на Манчестер Сити

Зидан ја сака незадоволната ѕвезда на Манчестер Сити

Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилецот е незадоволен од својот статус на „Етихад“ и јавно изјави дека сака да игра повеќе, бидејќи после цели три години се уште не може да се избори за првотимски статус.

Зинедин Зидан во него гледа идеално засилување во нападот, па ќе се обиде да го донесе следното лето во својот тим.

Цената на Габриел Жезус во моментов изнесува 100 милиони евра, па Реал е спремен да го жртвува Герет Бејл за да го финансира неговиот трансфер.

Шпанските медиуми пренесуваат дека не е исклучена и трампа со Иско, за кого Гвардиола покажува интерес веќе подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…