Дома Фудбал Зидан: Слепо им верувам на моите играчи!

Зидан: Слепо им верувам на моите играчи!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја заштити одлката на клубот да не донесе ниту едно засилување во зимскиот преоден рок тврдејќи дека „слепо им верува на своите фудбалери“.

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок се поврзуваше со многу фудбалери, но не донесе ниту едно ново име на „Сантиаго Бернабеу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зидан тврди дека има доверба во своите играчи и дека можат повторно да ја одбранат титулата во ЛШ.

„Има заедништво во тимот и покрај што се наоѓаме во тежок момент. Гледам дека фудбалерите се концентрирани. Верувам во мојот тим. Слепо им верувам на играчите, а тие ми враќаат на истиот начин“, изјави Зидан.

„Не ме интересира што ќе се случи следната сезона. Тука сум за да мислам на сегашноста и да го спремам тимот за следните натпревари. Медиумите тврдат дека првенството е решено, но јас не мислам така. Никогаш не знаеш што може да се случи во фудбалот, а ние ќе се обидеме да ги победиме сите натпревари до крајот“, додаде Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…