Дома Фудбал Зидан се враќа, еден клуб е фаворит за неговиот потпис

Зидан се враќа, еден клуб е фаворит за неговиот потпис

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен повторно да седне на клупата и да и се врати на тренерската работа.

Откако Дешамп реши да остане на селекторското место на француската репрезентација, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман, а негова прва желба е Јувентус.

Зизу својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во италијанскиот гигант, а и Јувентус никогаш не ја криел желбата еден ден да го види Французинот на кормилото.

Алегри сигурно ќе остане на клупата до крајот на сезоната, а на лето се очекуваат големи промени во клубот и голема е веројатноста Зидан да ја преземе „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…