Зинедин Зидан призна дека би сакал во иднина да работи со својот сонародник и ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Зидан, кој на двапати имаше успешен период на клупата на Реал Мадрид, ја одби понудата на ПСЖ и можноста да работи со Мбапе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, голема желба на Зидан во иднина е да биде селектор на француската репрезентација и да работи со Мбапе.
„Кога си тренер и имаш играч како него, секако, желбата е да работиш со него. Многу работи може да се случат, па и тоа еден ден. Тој е играч кој игра за Франција, знаете. Во секој случај го респектирам за та што го прави. Тој е прекрасен играч, со вештина и сила“, изјави Зидан.