Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Сакаме брз гол и победа над Баерн!

Зидан: Сакаме брз гол и победа над Баерн!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е убеден дека неговиот тим треба да одигра уште еден голем натпревар за да го елиминира Баерн и да се пласира во финалето од ЛШ.

„Тоа е полуфинале и знаеме колку е важно. Не треба да менуваме ништо, треба да бидеме доволно концентрирани. Тоа што го направивме во првиот меч, беше добро, но сега имаме потреба од нов голем меч“, изјави Зидан на пресконференцијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Излегуваме на терен за да постигнеме рано гол и да го победиме Баерн. Тие се голем клуб и ќе дојдат овде со желба да победат“.

„Мојата иднина не зависи од тоа дали ќе ја освоиме Лигата на шампиони, или не. Сакам да останам. Сега е важно да креираме историја бидејќи знам дека е нешто неверојатно да играш финале во ЛШ“, заклучи Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Традицијата вели: Анчелоти никогаш не губи од Баерн

Вечерва Карло Анчелти ќе го води Реал Мадрид против Баерн Минхен на гости во полуфиналето …