Дома Трансфер зона Зидан пронајде идеална замена за Хамес Родригез

Зидан пронајде идеална замена за Хамес Родригез

Ако и се верува на „Газета дело Спорт“ Реал Мадрид и Наполи би можеле ова лето да договорат размена на фудбалери.

Имено, полскиот играч за врска Пјотр Зиелински од лето би можел да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ бидејќи е една од желбите на тренерот Зинедин Зидан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот стратег е голем симпатизер на играта на 23-годишниот играч за врска, кој важи за еден од најталентираните на својата позиција во Европа.

Сепак, Наполи има големи планови за следната сезона и сака да го симне Јувентус од тронот на италијанскиот фудбал, па затоа Реал ќе мора да испрати убедлива понуда за да го добие потписот на Зиелински.

Зиелински минатото лето пристигна во Наполи за 14 милиони евра од Удинезе, но „кралевите“ сега ќе мораат за него да платат најмалку 25 милиони евра, а отворена е опцијата во трансферот да биде вклучен некој играч на Реал како Ковачиќ или Данило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…