Дома Фудбал Останато Зидан пред ОТКАЗ – Перез има листа, но ЕДНО име е невозможна мисија!

Зидан пред ОТКАЗ – Перез има листа, но ЕДНО име е невозможна мисија!

zidan

Медиумите тврдат дека е само прашање на време, Реал Мадрид ќе има нов тренер најдоцна до лето, а Перез веќе има листа…

Реал игра лошо, Зидан е пред отказ, дел од вината оди на него, иако некои работи не можеше да влијае. Пред се кога во прашање е продажбата на играчи, но и одлуката на Перез да не доведува замена за Мората.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, медиумите инсистираат дека повредите не се случајност. Зидан нема да биде променет, како што се шпекулираше, освен доколку резултатите на Реал не бидат уште полоши. Едно е сигурно доколку остане без трофеј во Ла Лига и Лигата на шампионите, сигурно дека ќе замине, таквите работи Перез не ги простува.

Всушност, Перез имаше намера да му прости на само еден тренер, Жозе Мурињо, но Португалецот замина поради конфликтот со Роналдо и Касиљас. Мурињо неодамна откри дека бил несреќен во Мадрид, а интересно е дека ја одбил понудата на Перез да се врати откако беше отпуштен Анчелоти.

Можеби и погреши, но и Мурињо има мали несогласувања во Манчестер Јунајтед, пред се со управата, конкретно со Вудвардс човекот кој е задолжен за маркетинг.

Поради тоа шпанските медиуми шпекулираат дека Перез ќе се обиде повторно да го доведе Мурињо, но сепак шансите Мурињо да ја прифати оваа понуда се мали.

Покрај „специјалниот“ во Мадрид размислуваат и за Покетино, но тој има цврст договор, иако кај тренерите тоа не значи многу.

Тука е и Јоаким Лев, селектор на Германија кој се очекува да ги напушти „панцерите“. Освен овие тројка, доколку Алегри замине од Јувентус, Реал веројатно ќе се обиде да го доведе во пакет со Паоло Дибала.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…