Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека би се радувал повеќе доколку неговиот тим ја освои титулата во Примера, отколку во Лигата на шампиони.
Зизу нема објаснување зошто Реал Мадри е поуспешен во Европа, но тврди дека освојувањето на Примера е многу потешко отколку триумф во Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Навистина не знам како тоа да го објаснам, бидејќи ние секоја година сакаме да ги освоиме сите титули. Но, понекогаш, како оваа година, имаме проблеми во одредени моменти, имавме тешки моменти, особено кога е реализацијата на головите во прашање“, изјави Зидан.
„Сепак, сега се подобривме во сите асипекти, а јас искрено би бил повеќе возбуден ако го освоиме првенството, бидејќи тоа е најтешко. Мислам дека истото го мислат и играчите. Гледајќи ја историјата на клубот, се гледа дека во Лига на шампиони не може никој да се споредува со нас“, заклучи Зизу.