Стратегот на Барселона Роналд Куман неодамна ги обвини судиите дека го фаворизираат Реал Мадрид, а не се чекаше долго за реакција на неговиот колега од спротивната страна.
Куман ја критикуваше одлуката на судиите да не се досуди пенал на мечот Еибар – Реал Мадрид. Дуелот заврши 1:3, а спорната ситуација се случи на 1:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не ми е јасен критериумот на ВАР. Да прашаме десет луѓе дали беше пенал сигурен сум дека девет ќе кажат дека беше. Сепак, судиите одлучија дека тоа не е пенал“, изјави Куман.
Сега стигна одговор од Зидан на ваквиот коментар.
„Не ми се допаѓа тоа што го зборува. Јас никогаш не се мешам во судиските одлуки, повеќе нема да коментирам за тоа што кажал Куман ќе се фокусирам на Гранада. Сите зборуваат кога ќе се случи нешто во наша корист, а никој не го прави тоа кога ќе се случи спротивното. Ние сме фокусирани на натпреварот кој е важен за нас“, изјави Зидан.