Дома Фудбал Зидан одговори на критиките: Тоа е најтешкото нешто во фудбалот!

Зидан одговори на критиките: Тоа е најтешкото нешто во фудбалот!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се соочува со кадровски проблеми пред дуелот со Алавес во Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Серхио Рамос, Карим Бензема, Карвахал, Валверде и Одриазола сигурно ќе го пропуштат утрешниот меч.

„Сакаме да покажеме дека сме силен колектив и да одиграме како во Милано. Вистина е дека понекогаш ни недостасува континуитет, но тоа не е поради несериозност. Најтешкото нешто во фудбалот е континуитетот, а ние работиме на тоа“, изјави Зидан.

Запрашан дали ќе има нови засилувања во јануари, Зидан одговори:

„Нема да зборувам за тоа, уште сме на почетокот на сезоната. За мене е важно да ги чувам играчите кои ги имам и навистина сметам на сите кои се во тимот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити постави нов рекорд со англиски репрезентативец

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон преминува од Нотингем Форест во Манчестер Сити, …