Реал Мадрид вчера се извлече од пораз против Борусија Менхенгладбах иако се до 87. минута имаше негатива од 0:2. Во завршницата од натпреварот Бензема и Касемиро го спасија Реал од втор пораз во Лигата на шампионите.
После првите две кола Реал Мадрид е последен во групата, во претходното коло „кралевите“ беа поразени од Шахтјор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Знаеме во каква позиција сме…Исто беше и минатата година. Ќе биде ова тешка година за нас. Но денес, можеме да бидеме горди. Губевме 0:2 на тежок терен и против опасен противник…И не сме поразени. Дали ќе поминеме понатаму? Па…Убеден сум дека да, всушност ќе направиме се за да биде така. Мирен сум бидејќи дадовме се од себе. Денес нема лесни натпревари и тоа не е фраза. Мораме да продолжиме напорно да работиме. Знаеме дека сме на добар пат.
Рамос во улогата на напаѓач?
„Знаете сите дека може да одигра добро. Секогаш ни носи нешто, така беше и сега. Тоа се ресурси кои ги имаме и кои мораме да ги користиме“.
Еден Азар се врати на терен после долга пауза.
„Само што почна да тренира. Планот е полека да го воведуваме. Имајте трпение. Ќе видиме како ќе оди тоа. Простор секако ќе има, играме на секои три дена“, заклучи Зидан.