Реал Мадирд синоќа ја освои третата последователна титула во Лигата на шампиони и 13-та вкупно во својата историја.
Тренерот Зинедин Зидан после мечот не можеше да ги сокрие емоциите и ваквиот подвид на „кралевите“ го нарече лудост.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дефинитивно ова е историска вечер, три последователни титули, тоа е лудост. Кога работиш напорно со тим како овој можеш да стигнеш далеку, но три титули е лудило. Живееме за овие моменти. Не знам како да опишам како се чувствувам. Многу е убаво. Сите играа многу добро“, изјави Зидан.
Херој за „кралевите“ овој пат беше Герет Бејл кој после мечот јавно призна дека не е задоволен од својот статус во тимот.
„Ваквите ситуации се сложени, бидејќи обично фудбалерите мислат за себе. И разбирам зошто го прават тоа. Ние сепак сме првенствено тим и тоа нема да се промени. Се обидувам да го правам најдоброто за секој играч кај нас, но исто така Бејл е во право, дека заслужува повеќе време на теренот. Го разбирам тоа, бидејќи тој умее да ја прави разликата помеѓу две екипи, како што се случи во финалето. Разбирам зошто тој сака да игра почесто“, одговори Зизу.