Дома Фудбал Зидан не го пушта Бејл во јануари: Сакам да остане до крајот на сезоната!

Зидан не го пушта Бејл во јануари: Сакам да остане до крајот на сезоната!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги коменираше односите со Герет Бејл, како и неговиот повик за Велс и покрај фактот дека е повреден.

Бејл и Зидан не се во добри односи, па се погласи се шпекулациите дека Велшанецот може да си замине во јануари, но Французинот истакна дека сака да остане до крајот на сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ние не одлучуваме кој ќе биде повикан за репрезентацијата, само сакаме играчот да е добар. Не е здрав да тренира нормално, но го викаат затоа што го имаат тоа право. Не треба да се сомневаме во Бејл и неговите одлуки“, изјави Зидан.

„Жално е што нема да можеме да сметаме на него за овој меч, но се надевам дека ќе се опорави што поскоро. Јас лично сакам да ги имам на располагање сите мои играчи, но во моментот Бејл е повреден. Не ме нервира тој со неговото однесување, ова го кажувам поради фановите. Најмногу во ваква ситуација страда играчот. Во медиумите се пишуваат многу невистини, како и таа дека јас не го сакам Бејл. Искрено сакам да остане со нас до крајот на сезоната“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…