Дома Фудбал Останато Зидан најави враќање: Паузата траеше предолго

Зидан најави враќање: Паузата траеше предолго

Зинедин Зидан призна дека и е подготвен да му се врати на фудбалот и дека паузата траела доволно долго.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


51-годишната легенда одмара веќе три години откако ја напушти тренерската функција во Реал Мадрид.

Се шпекулираше дека Зизу би можел да стане селектор на Франција, но на Дидие Дешам му беше продолжен договорот. Во последно време се поврзуваше и со клупите на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

„Иако е потребно многу енергија, мислам дека е време да се вратам на фудбалот. Мојата пауза траеше предолго. Вистина е дека животот на тренерот е заморувачки, но во исто време и недостасува. Ќе видиме кога ќе се вратам“, призна Зидан.

Зидан во два наврати го тренираше Реал Мадрид и освои се што може да се освои со „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…