Дома Топ вести Зидан може по трет пат да се врати на клупата на Реал

Зидан може по трет пат да се врати на клупата на Реал

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен повторно да и се врати на тренерската работа.

Откако Дешамп реши да остане на селекторското место на француската репрезентација, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зидан имаше неколку понуди од европските гиганти, кои ги одби во изминатиот период, а откако се повлече од функцијата во Реал Мадрид во мај 2021 година, тој е без работа.

„Атлетик“ објави дека тој би можел повторно да се врати на чело на шпанскиот гигант. Доколку Анчелоти замине на крајот на сезоната, прв избор за Перез повторно ќе биде Зидан.

Зидан со „кралевите“ ја освои Лигата на шампиони три пати, како и Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…