Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес одржа пресконференција пред мечот со Галатасарај во ЛШ, а една од темите беше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе.
Медиумите во последно време засилено шпекулираат дека Реал е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за Мбапе, а Зидан не ја затвори вратата за својот сонародник.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Самиот играч носи одлука за својата иднина. Во овој момент Килијан игра за ПСЖ, но ќе видиме што ќе донесе иднината. Знам дека од секогаш говореше дека неговиот сон е еден ден да игра за Реал Мадрид“, изјави Зидан.
Иако Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, „светците“ не сакаат така лесно да се откажат од својата ѕвезда.
„Паризиен“ објави дека ПСЖ е спремен да му понуди нов договор и да го направи најплатен фудбалер на светот.