Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан и Рамос едногласни: Мечот со ПСЖ како финале!

Зидан и Рамос едногласни: Мечот со ПСЖ како финале!

Вечерва на програмата е реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид.

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос овој натпревар го опиша како финале за „кралскиот“ клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Натпреварот ќе биде неизвесен. Нејмар е многу добар играч, но неговиот заменик Ди Марија е одличен играч. Овој натпревар ќе биде како финале. Немаме право на грешка“, изјави Рамос.

„Лигата на шампионите е наш омилен турнир. Го направивме првиот чекор, но во реваншот треба да бидеме внимателни. Јас лично никогаш не се уморувам од победи. Играме натпревар за натпревар и сите сакаме да победиме“, додаде капитенот.

„Мораме да бидеме подготвени за неочекуваното. Мораме да се фокусираме и да одиграме одличен натпревар во рок од 90 минути или повеќе. Недостатокот на Неј може да промени нешто во играта, но не и нашата подготовка за неа“, истакна тренерот Зинедин Зидан.

„Вторник вечер ќе биде тежок за еден од двата тима, но тоа е фудбалот. Ние сме свесни дека ќе имаме проблеми и дека ќе биде тешко. Затоа сакам да сме способни да се справиме со ова и да одиграме силно. Освен тоа ние сме во Париз, и јас сум од Марсеј. Секогаш е убаво да се вратам во Франција, а пригодата сега е специјална. Убеден сум дека ова ќе биде голема вечер“, заклчи Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…