Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е свесен дека му претстои тежок меч во Минхен, но истакна дека тимот е спремен да „страда“ за да стигне до финалето.
„Може да се случи се, но сигурно дека ние нема да се посереме во гаќи. Подготвени сме да одиграме голем меч. Ќе страдаме, но така е во фудбалот“, истакна Зидан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Секој фудбалер сака да биде на теренот во вакви натпревари. Не се сомневам дека ќе дадеме 150% од себе си. Во овој дуел нама фаворит“, додаде Зизу.
Медиумите тврдат дека Зидан веќе ги одбрал 10-те фудбалери кои ќе го почнат мечот и има само една дилема. Прашањето е кој ќе биде во стартниот тим помеѓу Карим Бензема, Лукас Васкез и Марко Асенсио.
Сигурни 10 се Кејлор Навас, Даниел Карвахал, Рафаел Варан, Серхио Рамос, Марсело, Касемиро, Лука Модриќ, Тони Крос, Кристијано Роналдо и Иско.
Герет Бејл воопшто не е во плановите и ќе биде на клупата откако Зидан во последно време изгуби доверба во него.
? ¡Zidane convoca a toda la plantilla para el partido de ida de semifinales contra el @FCBayernES en Múnich!#APorLa13 pic.twitter.com/dHNVD5ilyp
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 24, 2018