Дома Топ вести Зидан имал таен разговор со првата трансфер желба на Реал Мадрид

Зидан имал таен разговор со првата трансфер желба на Реал Мадрид

Откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид, медиумите пишуваат дека ќе направи големи промени во играчкиот кадар.

Флорентино Перез успеа да го наговори францускит стратег да се врати на кормилото, но му даде и одврзани раце на трансфер пазарот за да креира тим по своја мерка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прва желба на Зидан е ѕвездата на Челзи, Еден Азар па веќе ја започнал „операцијата“ за негово доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“. Англиските медиуми утрово објавија дека Зизу имал таен состанок со Белгиецот.

Азар не ја крие желбата да заигра во Реал Мадрид под палката на неговиот идол, па наводно му дал зелено светло на Зидан.

Англиски „Сан“ повикувајќи се на шпански „ОК Диарио“ објави дека 28 годинишниот Белгиец се согласил да потпише петгодишен договор со Реал Мадрид.

„Сините“ и покрај тоа што договорот на Азар истекува следната сезона би можеле да заработат бараме 90 милиони евра. Во спротивно доколку се одлучат да ризикуваат и го задржат Азар би можеле да се случи да го изгубат после наредната сезона и тоа без оштета.

Според информациите за договор на пет години Азар во Реал ќе добие плата од 16.5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …