Дома Фудбал Зидан застана во одбрана на Бразилецот: Марсело е Марсело!

Зидан застана во одбрана на Бразилецот: Марсело е Марсело!

Реал Мадрид синоќа беше поразен од Валенсија на Местаља и така Зизу го доживеа првиот пораз од враќањето на клупата на Кралевите.

Големи критики за играта во овој натпревар доби Бразилецот Марсело, но Зидан застана во одбрана на својот омилен фудбалер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Марсело е Марсело.“ – рече Зидан и продолжи:

„Ми се допаѓа начинот на кој игра и е во добра форма. Тренира добро, но оваа сезона е комплицирана за се, не само за него.“

Кралевите беа поразени со 2:1, а дури во продолжението успеаја да постигнат погодок. Време за нешто повеќе немаше.

„Мислам дека добро игравме, но не можевме да постигнеме погодок. Во првиот дел ништо не направивме, се обидувавме, но не ни одеше од рака. Не ги обвиниувам играчите. Ова е пораз кој мора да го прифатиме.“ – додаде Зизу.

Реал и покрај овој пораз останува на третата позиција на табелата и многу веројатно е дека на таа позиција ќе ја заврши сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…