Дома Фудбал Останато Зидан заминува на Божиќ, а го менува добро познато име на „Бернабеу“?!

Зидан заминува на Божиќ, а го менува добро познато име на „Бернабеу“?!

zidane

Без разлика дали ќе ја одбрани титулата шампион на светот, Французинот во еден од најголемите фудбалски натпревари во светот веројатно ќе игра за да ја задржи својата работа…

Реал го има најлошиот старт од 2008 година, иако Барселона киксираше на последните два натпревари нивната предност и понатаму е огромна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ситуацијата во соблекувалната во Мадрид е таква што се зборува за смена на Зидан и не само поради лошите резултати туку и поради незадоволството на некои од клучните фудбалери.

„Кралевите“ ја чекаат одбраната на титулата шампион на светот, но тоа е во втор план, целото внимание е насочено кон „Ел Класико“. Јасно, доколку не ја победи Барселона или доколку изгубат, прашањето за титулата ќе биде одлучено.

„Дон Балон“ пишува дека тогаш работата на Зидан ќе биде доведена во прашање и дека до после „Ел Класико“ би можел да добие отказ. Ваквите работи не се некоја новост за Перез, а се споменува и враќање на Карло Анчелоти кој заработи отказ после сезоната без трофеј, иако во првата сезона ја освои Лигата на шампионите.

Анчелоти е човек кој ја им довербата од Роналдо, но и од Бејл и Рамос.  Италијанецот би можел да ја смири ситуацијата во соблекувалната и да се обиде да ја одбрани европската титула. Поранешниот тренер на Баерн Минхен тврдеше дека намера да превземе клуб во текот на сезоната, но ваква понуда веројатно не би можел да одбие.

Во секој случај, јавноста и навивачите сметаат дека Зидан пропуштил премногу шанси и дека најдобро за клубот во овој момент е тој да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преговорите со Потер пропадна, Тен Хаг не е реалност – Ајакс има изненадувачки фаворит за нов тренер

Ajaкс на крајот сепак ќе успее до некаде да ја спаси сезоната бидејќи е на добар пат да се…