Дома Фудбал Зидан е подобар како тренер отколку како фудбалер!

Зидан е подобар како тренер отколку како фудбалер!

Некогашниот соиграч, Зинедин Зидан имаше интересна изјава.

Алесио Такинарди, некогашниот соиграч на Зинедин Зидан во Јувентус, зборуваше за сегашниот тренер на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зидан беше фантастичен фудбалер, а како тренер успеа да освои две титули во ЛШ во низа, нешто што никому не му појде од рака во историјата.

Алесио Такинарди истакна дека Зидан е подобар тренер, отколку што беше фудбалер.

„Би рекол дека Зидан е подобар менаџер отколку тренер, бидејќи како играч му помогна мајката природа“, истакна Такинарди.

„Како тренер стана посилен човек, порано беше посрамежли, но со ваква група на фудбалери тој се подигна себеси на повисоко ниво. Тактички е одличен, секогаш наоѓа вистинско решение. Посилен е како тренер. Тој е феноменален како фудбалер, но признавам дека не очекував да стане одличен тренер“, истакна Такинарди.

Јувентус и Реал Мадрид ќе се пресметаат во рамки на четвртфиналето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…