Реал Мадрид во саботното „Ел Класико“ доби нов „шамар“ и тоа на „Сантијаго Бернабеу“ каде што беше поразен од Барселона со 0:3.
„Кралевите“ во последните две години триумфираа во Лигата на шампионите, но тимот на Зидан во овој момент не изгледа баш најдобро. Поради тоа многумина сметаат дека е време за промени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако никој од таборот на Реал не сака да зборува за тоа на сите во клубот им е јасно дека шансите да стигнат до титулата се само теоретски. Токму поради тоа на Зинедин Зидан и неговите играчи им останува само да се надеваат на Лигата на шампионите како единствено место каде што можат да ја спасат сезоната.
Реал Мадрид следниот натпревар во ова натпреварување ќе го игра против ПСЖ, а шпанска „Марка“ пишува дека тоа ќе биде клучен момент за иднината на Зидан во клубот.
Доколку успеат да го елиминираат ПСЖ, Реал колку толку ќе успее да ги задоволи навивачите, но доколку тоа не се случи и онака лошата атмосфера во клубот може да биде влошена, а веројатно и Зидан да биде заменет.
И покрај се 2017 година ќе остане запаметена како една од најуспешните, ако не и најуспешна година во историјата на клубот.