Дома Топ вести Зидан го менува Алегри во Јувентус

Зидан го менува Алегри во Јувентус

После три години откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.

Луѓе блиски до Французинот тврдат дека тој е одлучен во намерата да се врати и веќе го избрал новиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој сака да го преземе кормилото на Јувентус, клуб каде Зидан ја доживеа својата афирмација и играше од 1996 до 2001 година.

Зидан сака во Јувентус да го направи тоа што го направи со Реал и да успее да освојува трофеи и како тренер, откако своевремено тоа го правеше како играч.

„Старата дама“ игра добро оваа сезона и се бори за Скудетото, но раководството смета дека тимот е презаситен од Алегри и дека е потребна тренерска смена на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…