Дома Фудбал Зидан го избра тимот за Ливерпул, Азар отпадна

Зидан го избра тимот за Ливерпул, Азар отпадна

Еден Азар не влезе во групата од 21 фудбалер кои Зинедин Зидан ги избра за утрешниот меч против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгиецот се опорави од повредата и тренираше со остатокот од тимот на последните три тренинзи, па постоеа реални шанси да игра против Ливерпул.

Сепак, Зидан одлучи да не го повика за утрешниот меч, а тоа го објасни дека не сака да брза со неговото враќање на терените.

Валверде и Тони Крос, кои беа под знак прашалник, се повикани за утрешниот меч.

Серхио Рамос и Карвахал се повредени и за нив се знаеше дека ќе го пропуштат дуелот со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард ја доби наградата за успехот со Ковентри!

Тренерот на фудбалерите на Ковентри, Френк Лампард (48), потпиша нов договор, со кој се вр…