Дома Топ вести Зидан ги пронајде виновниците, Перез веднаш ги продава!

Зидан ги пронајде виновниците, Перез веднаш ги продава!

Поразот на Реал Мадрид од Тотенхем ги откри многуте проблеми кои се присутни во соблекувалната на „кралскиот клуб“.

За лошите резултати во последните натпревари на Реал, Зинедин Зидан ги прогласи за виновни Касемиро, Марсело, Модриќ и Крос, кои, како што пишува „Diario Gol“ одлучил да ги казни со тоа што нема да играат во следниот натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марсело во последниот лигашки натпревар беше еден од најлошите играчи на теренот, па Зидан одлучи да го приклучи Тео Хернандез. Што се однесува за Касемиро, тој одлично ја започна сезоната, но во последно време не е баш добар. Средниот ред на Реал како да не постои во последните два натпревари, а Зидан како еден од виновниците за ваквата ситуација го издвои Касемиро.

Освен него, како виновни ги гледа и Тони Крос и Лука Модриќ. Поради ваквите резултати, претседателот на Реал, Флорентино Перез не губи време, како што пишува истиот извор, од следната четворка подготвен е да продаде дури тројца, односно Модриќ, Крос и Марсело.

Доколку пристигне примамлива понуда, пишува истиот извор, Перез нема да се двоуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…