Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна денес дека фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн е „комплетен играч“ во пресрет на мечот помеѓу двете екипи во ЛШ.
Фудбалерите на Реал Мадрид утре од 20:45 играат на свој терен против Тотенхем, во натпревар од третото коло од Групата Х во ЛШ. Обете екипи имаат по шест бодови со иста гол разлика од 6:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По две кола Кејн е најдобар стрелец во најелитното европско натпреварување со пет постигнати погодоци.
„Тој е клучен играч за Тотенхем, многу е добар во секој аспект, но најдобро од се е што секогаш мисли како да постигне погодок. Тој е комплетен играч, иако тоа не изгледа така, но секогаш се појавува таму кадешто е потребно“, истакна Зидан, пренесуваат британските медиуми.
Медиумите во изминатите недели шпекулираа дека Реал е заинтересиран токму за него.
„Не знам што ќе се случи во иднина“, истакна Зидан.