Дома Трансфер зона Зидан во Италија го пронајде наследникот на Модриќ

Зидан во Италија го пронајде наследникот на Модриќ

Лука Модриќ најверојатно ја игра последната сезона во Реал Мадрид, па раководството веќе почна да бара долгорочна замена за Хрватот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „кралевите“ е играчот на Наполи, Фабиан Руиз за кого исто така се заинтересирани Барселона и Манчестер Сити.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


23-годишниот Шпанец минатото лето пристигна во Наполи од Бетис и одигра одлична сезона, притоа блескаше со младата репрезентација на Европското првенство.

Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот, а Реал спреми 70 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, Наполи никако не сака да се откаже од својата ѕвезда и за неговиот потпис бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…