Лука Модриќ не се појави на денешниот тренинг на Реал Мадрид, а шпанските медиуми пренесуваат дека Хрватот се повредил на вчерашниот тренинг, а денес бил на детални лекарски прегледи.
За сега не познато од каква природа е неговата повреда, но сигурно Модриќ нема да може да настапи на заостанатиот натпревар против Леганес во Примера, кој на програмата е утре.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зидан го одмараше Модриќ минатото коло на гостувањето против Бетис, а Хрватот требаше да биде во почетниот состав против Леганес.
На две недели пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ, Реал Мадрид стравува дали ќе може да смета на еден од своите најдобри фудбалери.
„Имам доверба во нашиот медицински тим. Се надевам дека Лука многу брзо ќе тренира со остатокот од екипата”, изјави Зидан.