Дома Фудбал Зидан вечерва го одмара Роналдо

Зидан вечерва го одмара Роналдо

Реал Мадрид вечерва ќе го одигра натпреварот од 26. коло во Ла Лига против Еспањол.

Кралскиот клуб во Барселона ќе биде без Кристијано Роналдо, на кој Зидан му даде слободен ден за да го одмори пред реваншот против ПСЖ во Лига на шампиони.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалецот вечерашниот натпревар ќе го проследи од трибините, кој исто така одмараше и на натпреварот против Леганес минатата недела.

На местото на Роналдо во првата постава на Реал Мадрид ќе се најде Марко Асенсио.

Кристијано Роналдо оваа сезона одигра 31 натпревар за Реал и постигна 28 погодоци, а моментално се наоѓа во феноменална голгетерска форма.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …