Дома Фудбал Зидан: Бензема сега е она што беше Роналдо

Зидан: Бензема сега е она што беше Роналдо

Tренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан изјави дека Французинот Карим Бензема е од големо значење за „кралевите“ после заминувањето на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид.

Францускиот напаѓач во победата на Реал против Галатасарај од 6:0 беше двоен стрелец и така стана само третиот фудбалер кој успевал да постигнува голови во 15 натпревари во низа во елитното клупско натпреварување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Неговите бројки кажуваат се. Секој кој разбира фудбал знае дека Бензема е квалитетен играч. Тој е важен за тимот, важен за нападот“, изјави Зидан за шпанска „Марка“.

Тренерот на „кралевите“ истакна и дека Бензема оваа сезона ја превземал лидерската улога како и дека многу работи се одразиле на неговата форма.

„Од заминувањето на Кристиано Роналдо единствена работа која се промени е тоа што Безнема созреа. Тој сега е она што беше Роналдо во историјата на овој клуб. Прави фантастични работи и треба да уживаме во нив“, заклучи францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…