Легендарниот Зинедин Зидан синоќа му ја додели „Златната топка“ на својот сонародник Карим Безнема.
Зидан истакна дека според него Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција и дека жали што не играле заедно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секој има свој омилен играч. Некои ќе кажат дека тоа е Папен, други ќе го споменат Платини. За мене Карим е најдобриот напаѓач во историјата на Франција“, изјави Зидан.
„За сите овие години се чуствував фантастично во Мадрид со него. Исклучително е чувството да го гледате одблизу што се може да направи со топката. Жалам што не игравме заедно, ќе допринесев да постигне повеќе голови. Но тоа го компензиравме заедно како тренер и играч“, додаде Зидан.